По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека Џеј Ло и Бен Афлек се разведуваат.
За жал, тие сомнежи се покажаа како точни. Американскиот портал ТМЗ објави документи кои откриваат дека познатата дива Џенифер Лопез поднела барање за развод без адвокат на денот на нивната втора годишнина, 20 август.
Нивните деловни менаџери моментално работат на тоа се да помине без компликации, а јавноста ја интересира и кој од двајцата е финансиски помоќен.

Според податоците на веб-страницата Celebrity Net Worth, Џеј Ло собрала богатство вредно околу 400 милиони долари во текот на нејзината тридецениска кариера.
Таа ја започна својата кариера како танчерка, дебитирајќи на телевизија како „Fly Girl“ во хумористичната серија „In Living Color“ во 1991 година. Подоцна славата ја стекна со главните улоги во филмовите како „Селена“, „Анаконда“ и „Надвор од очите“. Покрај актерството, Џенифер Лопез е и успешна пејачка, позната по бројните хитови од албумите како „J.Lo“, „This Is Me… Then“ и „Rebirth“, пишува Информер.


