Еве што ја чека Католичката црква доколку состојбата на папата Франциск се влоши

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск (88) е во критична состојба, а лекарите ја потврдиле почетната фаза на откажување на бубрезите. Сепак, на радост на неговите следбеници, Папата успеа да присуствува на миса од болницата во неделата, пишува британски Мирор.

Исто така, во својата последна објава на социјалните мрежи, тој изразува благодарност за поддршката што ја добива од целиот свет:

-Неодамна добив многу пораки на љубов, а особено ме погодија детските писма и цртежи. Ви благодарам за вашата блискост и за утешните молитви што ги добив од целиот свет – рече Папата.

Познатиот француски пророк Нострадамус (1503–1566), кој направил преку 900 предвидувања во својата книга „Пророците“, наводно ги напишал следните зборови уште во 16 век:

-Со смртта на многу стар папа ќе биде избран Римјанин со добро здравје. За него ќе се каже дека има слаб вид, но ќе седи долго.

Многумина веруваат дека овој опис може да се поврзе со папата Франциск, кој имаше бројни здравствени проблеми за време на неговиот понтификат. Делот од стихот во кој се спомнува „долго ќе седи и ќе гризе“ некои го толкуваат како упатување на годините поминати на Франциск во Ватикан и неговата борба со многуте предизвици на Црквата, вклучително и секс скандали, внатрешни конфликти и модернизацијата на Католичката црква.

Нострадамус го предвидува доаѓањето на „последниот папа“, а некои сметаат дека тоа би можело да биде токму Франциск. Постои теорија дека после него ќе дојде до голема поделеност во Црквата или дури и нејзино распаѓање. Тој ги спомнува и внатрешните конфликти во католичката црква кои би можеле да доведат до големи реформи или поделби. Папата Франциск веќе се соочува со противење од конзервативните кардинали кои ги оспоруваат неговите напори да ја модернизира Црквата и да ја направи подостапна за верниците, објави Србијаданас.

Најчитани вести