Еве за колку ќе пораснат пензиите овој месец

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, тие од овој месец ќе се зголемат за седум отсто, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Со ова зголемување просечната пензија која изнесува 17.422 денари, се зголемува за 1.219 денари и ќе изнесува 18.641 денар, односно ќе биде нешто над 300 евра.

Извор: 24info.mk

Најчитани вести