Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино вети дека ќе ја обнови фудбалската инфраструктура во Палестина.
– Навистина е важно ФИФА да биде тука за да даде поддршка, да помогне и да обезбеди успех на овој мировен процес. Улогата на фудбалот треба да биде да поддржува, обединува и дава надеж. Ќе помогнеме во обновата на сите фудбалски објекти во Газа во партнерство со Палестинската фудбалска асоцијација. Ќе го вратиме фудбалот и ќе создадеме можности за децата преку фудбалот, рече Инфантино.
Во понеделникот, Џани Инфантино присуствуваше на самитот во Египет посветен на официјалното потпишување на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
МИА


