Ураганот Милтон е најлошата бура која ги погодила САД во последните 100 години. Милиони луѓе се евакуирани, додека оние што останале беа предупредени да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа апсолутно е неопходно.
Еден човек додека возел автомобил го фатил ураганот. Тој го извадил телефонот и ја снимал ситуацијата во која се нашол. Токму тој е пример зошто на локалното население му препорачува да не одат никаде додека трае апокалиптичната бура.
Како што се гледа од видеото ветерот е толку силен што дури и му го скрши стаклото од автомобилот. Човекот се исплаши и постојано повторуваше дека само сакал да си отиде дома.
Видеото можете да го погледнете овде:
Dude gets caught inside hurricane Milton in his car
— DLG (@SelectaDG) October 10, 2024
SCARY#Milton #HurricanMilton #Florida #HurricaneMilton pic.twitter.com/ZOI348PBTB


