Политичката ѕвезда во подем Емануел Макрон минатата недела првпат ја претставил Брижит Троње, професорка по француски јазик со која е во брак осум години.
Францускиот министер за економија Емануел Макрон одлучил повеќе да не ја крие од јавноста својата 20 години постара сопруга со која е во врска уште кога имал 17 години. Емануел врската со Брижит ја започнал како малолетник во средното училиште, далечната 1995 година.
Тие двајца го искористиле празникот Денот на Бастиља 14 јули, најголемиот национален празник, да прошетаат заедно по Елисејските полиња држејќи се за раце, па фотографите за првпат заедно ги фотографирале.

За тоа колку големо воодушевување овој потег предизвикал сведочи и фактот дека комплетно го фрлиле во сенка појавувањето на шпанската кралска двојка.
Колегите го опишуваат Макрон како шармантен, брилијантен и елоквентен човек. Тој студирал филозофија, магистрирал на универзитетот „Макијавели“. Заработил милиони како инвестиционен банкар, а во 2012 стана советник во Елисејската палата.
Неговите родители се лекари, тој извонредно свири клавир па го нарекуваат Моцарт од Елисејската палата. Единствено за својот приватен живот Макрон ретко зборува.
Макрон на 17 години додека одел во гимназија се вљубил во својата професорка Брижит, која од него е постара 20 години.
Неговите соученици раскажале дека професорката била многу импресионирана од талентот на Макрон и секогаш истакнувала дека тој е пример во целиот клас. Тие по извесно време започнале љубовна врска, а за да ги избегнат тешкотиите Макрон од гимназијата во Амиенс се преселил во училиште во Париз каде матурирал. Тој подоцна студирал на елитниот факултет ЕНА на кој студирал и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Емануел и Брижит во 2007 година склопиле брак, а таа од претходната врска има три возрасни деца и 6 внуци. Макрон викендите ги поминува со Брижит и семејството во вилата во Ле Тукует на северот на Франција.


