(ФОТО) Хиџаб во Њујорк: Претседателе, ништо нема да ви направиме

Хиџаб и Абаја фустани заземаат централна позиција на модната писта во Њујорк, бидејќи индонезиските дизајнери започнаа разновидна модна недела, надевајќи се дека ќе ги променат предрасудите на западот.

hijab_revija_2

Американските медиуми објавија дека модната индустрија сè повеќе добива политичка улога, бидејќи се обидува да ја претстави разновидноста и прифатливоста на муслиманските стилови на облекување во земјата каде што претседател е Доналд Трамп.

hijab_revija_3

Дизајнерката Диан Пеланги рече дека има за цел да му покаже на светот дека жената може да биде убава и елегантна со хиџаб. Слични пораки беа испратени и од дизајнерката Виви Зубеди, која исто така ја спомна политиката на американскиот претседател, кој се обидува да ја ограничи имиграцијата на муслиманите.

“Претседателе, ја сакаме вашата земја и го сакаме вашиот народ, нема ништо да ви направиме вас, ниту на вашиот народ. Ние сме сите исти, станува збор за човештвото”, рече Зубеди.

hijab_revija

Оваа дизајнерка од Џакарта укажува дека има многу клиенти од САД, велејќи дека хиџабот е убав и дека во крајна линија сите сме луѓе, без оглед на верската припадност.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести