(ФОТО) На Селена Гомез и е пресаден бубрег од најдобрата пријателка

Светската јавност пред само две години дозна дека на Селена Гомез и е дијагностицирана хронична автоимуна болест, лупус, заради што поп-ѕвезда еднаш веќе беше на третман со хемотерапија, а сите водечки медиуми во четвртокот пренесоа нова шокантна вест. Имено, на американската пејачка и актерка неодамна, во целосна тајност и беше трансплантиран бубрег!

На Инстаграм, Селена објави фотографија со постоперативни лузни на стомакот и откри дека бубрегот е од нејзината најдобра пријателка, 29-годишната актерка Франција Раиса. Интимната исповед на Гомез беше поткрепена од интимна болничка фотографија.

selena_gomez_1

– Многу фанови не можеа да не забележат дека ова лето се повлеков од јавноста без објаснување. Не ги промовирав новите песни, на кои сум многу горда … Во суштина, причината е операцијата која морав да ја направам со цел да се подобри моето здравје во целина. Пред се сакам да се заблагодарам на семејството и најдобриот тим на лекари кои беа цело време со мене. И, најпосле, најголема благодарност до мојата Франција, која ми даде најубав подарок досега. Јас сум благословена и среќна што те имам. Те сакам – напиша 25-годишната Гомез на Инстаграм.

selena_gomez_2

Нејзината објава за само еден час привлече скоро два милиони луѓе, а фановите и посакаа на пејачката побрзо и безболно закрепнување и враќање на музичката сцена.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести