Јелена Ѓоковиќ е веќе одамна е главна миленичка на публиката ширум светот, но новата девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ, според убавината, може да ѝ биде опасна конкуренција.
Браќата Ѓоковиќ се вистински заводници, тука нема дилема. Новак покрај себе ја шета харизматичната и убава Јелена, којашто дури и Дејвид Бекам успеа да го остави без зборови, а Марко Ѓоковиќ сè почесто е во друштво на една од најубавите тенисерки на светот Каролина Возњацки, и веќе се шпекулива дека се во врска.
Меѓутоа, по сè изгледа дека најмладиот во оваа дружина е, всушнос,т и најголем заводник. Иако има само 20 години, Ѓорѓе веќе неколку пати ги полнеше страниците на списанијата со своите девојки, а секоја е поубава од претходната. Овојпат е во прашање младата белграѓанка Тијана Ралиќ.
Тијана има 18 години и често патува низ светот, што може да се забележи по нејзините фотографии. Се шпекулира дека таа и Ѓорѓе се запознале летоска на море, како и тоа дека токму оттогаш трае нивната романса којашто е проследена и со бројни романтични фотографии и изјави на љубов на социјалните мрежи.
Дека младиот Ѓорѓе е искусен заводник се гледа и според тоа што тој на својата сакана ѝ подарил корпа преполна со црвени рози, што не може да ја остави рамнодушна ниту една девојка.
И иако Марко и Новак сакаат да го задржат својот приватен живот далеку од очите на љубопитните луѓе, Ѓорѓе воопшто не се срами својата љубов да ја сподели на социјалните мрежи.




