Најголемиот снежен лавиринт во светот се наоѓа во полскиот град Закопане. Лавиринтот е направен во текот на 2015 и 2016 година на површина од 2.500 квадратни метри, а годинава капацитетот е зголемен за уште 500 квадратни метри.
И покрај влошената епидемиолошка состојба во Полска, граѓаните и туристите продолжуваат да ја посетуваат оваа атракција. Навечер лавиринтот е осветлен, што му дава особено бајковит изглед.