Aктерката Селма Хајек ги воодушеви обожавателите со серија фотографии објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, покажувајќи како ужива во летото.
Облечена во виолетови бикини и шегувајќи се со разбушавената коса, 57-годишната актерка изгледа совршено, а нејзината објава за помалку од 24 часа им се допадна на половина милион луѓе.
„Прекрасна жена“, „Изгледаш беспрекорно, ти си кралица“ и „Косата ти е многу убава“, се само дел од бројните коментари.
Инаку, актерката е 15 години во брак со 61-годишниот француски бизнисмен Франсоа Андре Пино, со кого ја имаат 17-годишната ќерка Валентина.


