Георгина објави фотографија од минатото и веднаш ја критикуваа: Нели не си материјалист

Вереницата на Роналдо, Георгина Родригез на Инстаграм ја следат околу 48,5 милиони луѓе. Таа предизвика бурни реакции објавувајќи фотографии од минатото на нејзиниот профил.

Имено, Герогина на Инстаграм објави фотографии со кои се потсети на летото 2020 година, кога со Роналдо си купиле јахта.

„Се сеќавам на тоа летно попладне кога отидовме да купиме јахта“.

На една од фотографиите Георгина и Роналдо се покрај нивната нова јахта која ја купиле за шест милиони евра.

Некои од нејзините фанови коментираа дека таа се фали со нејзиниот луксузен начин на живот, а други ја потсетија на нејзините претходни изјави.

„Вашиот профил на Инстаграм е чиста суета“, „Нели не си материјалист“, се само дел од коментарите.

„Со толку многу следбеници, би можела да направиш нешто корисно за општеството, наместо постојано да ги покажуваш твоите луксузни предмети. Предизвикуваш љубомора и очај кај оние кои не можат да си ги дозволат”, е само една од многуте критики што се појави поради нејзините фотографии.

Најчитани вести