Лав, по 15 февруари, можни се жестоки кавги со колегите. Дел од месецот ќе биде комплициран за Лавовите, но потоа доаѓа промена и обнова. Време е да направите нешто што долго сте го планирале, а не сте имале храброст да го направите досега. Што и да одлучите, ќе ви оди од рака. Бидете внимателни на 25 и 28 февруари. Не одговарајте на критиките на Вагите, Биковите и Водолиите.
Близнаци, по 10 февруари, саканата личност ќе ви понуди поголема поддршка од вообичаено, но нема причина за грижа. Едноставно, сакани сте. Ако во животот немате вистински и искрен пријател, можно е таква личност да запознаете до крајот на октомври. Судбоносна средба ве очекува на 20 февруари. Не ризикувајте на деновите 12, 18 и 21 февруари. Тогаш, избегнувајте и конфликти со Риби и Шкорпии.
За Вагите, ова е месец на големи одлуки. Трудете се да не влегувате во конфликти со колегите, бидејќи би можело да дојде до сериозни расправии. Ќе запознаете интересна личност по 20 февруари, но не се врзувајте со неа пред добро да ја запознаете. Не им верувајте на Стрелците и Близнаците. Поволен момент за патување е од 14-28 февруари.
]]>


