Градоначалникот на градот Сукре, во централниот дел на Венецуела, Луис Дјук, со црвен знaк ги обележал куќите на луѓето кои се болни од коронавирус и ги предупредил дека доколку го прекршат карантинот ќе им ја укине социјалната помош.
Ознаката со форма на црвен круг прецртан со црвена линија на бела хартија стои на куќите на болните, а Дјук објасни дека на овој начин сака да го „заштити народот“.
-Овој знак означува дека некој е заразен со Ковид 19 или можеби ја има оваа болест, па луѓето се предупредени, наведува Дјук во неговото видео објавено на Инстаграм.
Венецуелa има околу 28 милиони жители и се соочува со вториот бран епидемија по пристигнувањето на „бразилската верзија“ на вирусот. Според официјалните податоци, во земјата се пријавени над 170.000 случаи, вклучително и над 20.000 во март, и повеќе од 1.700 смртни случаи од почетокот на епидемијата.
]]>


