Градот Барл се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Холандија и за него се вели дека е град со геополитичка аномалија. Имено, државната граница овде поминува низ бројни објекти, од куќи, ресторани и кафулиња до музеи и галерии.
На прв поглед градот, кој се наоѓа на 65 километри од Амстердам, не се разликува од просечен холандски град, има куќи направени со црвена тула, ветерници, калдрма, црква… Сепак овој град што се наоѓа на границата меѓу Белгија и Холандија е многу посебен.
Само овде можете да го подготвите ручекот во една држава и да го јадете во друга. Да си седите опуштени во вашата фотелја и да гледате телевизија преку границата. Има ситуации каде што мажот и жената иако спијат во ист кревет, тие се наоѓаат во две различни држави.
Границата е обележана со бели крстови низ целиот град и токму ова е и заштитен знак на Барл.