13 годишно девојче денес го загуби животот по удар од гром додека било на плажа на Халкидики. Настанот се случил попладнево додека девојчето било на песокот а првичните информации говорат дека со повреди се здобила и нејзината мајка.
За инцидентот полициската управа Касандра води прелиминарна истрага, јавуваат грчките медиуми.
Инаку денес времето на Халкидики е многу лошо со силни поројни дождови.


