Еден од најголемите стравови на идните сопружници е во меѓувреме, другата страна да не се предомисли, но изгледа за првпат се случува некој од нив да се појави на друга свадба и да се ожени со погрешна личност. Колку и да звучи бизарно, токму тоа му се случило на еден Индонезиец. Младоженецот завршил во погрешна црква благодарение на навигацијата на Гугл, пренесува „Унилад“. Парот ја користел функцијата за споделување на локацијата на Гугл, за да се осигураат дека сите ќе завршат на вистинското место, а невестата тврди дека таа дефинитивно ја споделила вистинската адреса.
Сепак, Гугл го однел младоженецот и неговата придружба на друго место. Откако се поздравиле со новите сватови, ги размениле подароците и ги зазеле своите места за да започне и официјалната церемонија, сфатиле дека невестата не ја познаваат.
Видеото погледнете го на следниот линк.
]]>


