Хаос на летот од Загреб до Стокхолм: Куче се ослободило од кафезoт, патниците симнати, а потоа летале со друг авион

Необичен инцидент се случил на летот OU486 на Кроација ерлајнс од Загреб за Стокхолм.

Kaко што пренесоа локалните медиуми, куче се ослободило од кафезот во кое се наоѓало и го оптетило багажниот простор на Airbus A319 (рег. 9A-CTL).

Како што појаснија, кучето согласно прописите било качено во багажниот простор, а набрзо по неговото сместување во авионот тоа се ослободило од кафезот.

Екипажот слушнал бучава и го слушнал трчањето на кучето во багажниот простор, па авионот бил вратен на пистата, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион.

По увидот на штетата што ја направило кучето, превозникот одлучил како превентивна мерка да го извади авионот од сообраќај и да го испрати на технички преглед за се заменат оштетените делови.

„Компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за транспорт на кучето на летот OU486 Загреб – Стокхолм. Поради одредени оштетувања во багажниот простор на авионот планиран за летот ОУ486, донесено е решение превентивно да се извади авионот од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од наведениот лет се превезени во нивната крајна дестинација истата вечер со друг авион“, соопштија од компанијата, пренесе Телеграф.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести