Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата на САД против Иран се уште се наоѓа во „рана фаза“ и најави интензивирање на воените активности.
„Како што најави претседателот Трамп, доаѓаат нови и поголеми бранови“, изјави Хегсет на денешната прес-конференција.
Според него, следната фаза од воената операција има за цел американските и израелските воздухопловни сили да воспостават целосна контрола врз иранското небо, а ова се очекува да биде постигнато за помалку од една недела.
Хегсет додаде дека военото воздухопловство ќе се насочи кон „пронаоѓање, неутрализирање и уништување на ракетните капацитети и одбранбено-индустриската база на иранската војска“, како и на иранските воени лидери.
„Ова никогаш немаше да биде рамноправна борба, и не е рамноправна борба. Ги удираме додека се на колена, токму како што треба“, додаде Хегсет.


