Хрватскиот „Aзил Думовец“ го воодушеви интернетот со акцијата во која спасија преплашена загрепчанка од пајак што го нашла во нејзината соба, но нивната нова акција би можела да биде уште попопуларна.
Имено, тие на социјалните мрежи објавија дека во неделата на 4 мај биле повикани во Бијеник со пријава дека во подрумот од куќата има змија.
Вработениот во Думовац при пристигнувањето на теренот сфатил дека во прашање не е една змија, туку две, мажјак и женка, но ситуацијата била многу непријатна бидејќи змиите се пареле. И што да направи. Тој почекал зафатените влекачи да завршат работа, а потоа брзо ги фатил и ги однел на место када што нема да им пречат на луѓето, пишува Вечерњи.хр.
„18 + акција на Бијеник“, се пошегуваа фановите на социјалната мрежа Фејсбук.
„Конечно се вселиле заедно, а вие така да ги избркате“, се пошегувал еден фан на нивната страница, додека има и такв кои на „парот“ им посакале среќа со нивното потомство.
„Азил Думовец“ е прифатилиште за бездомни животни во Загреб.


