Хит на интернет: Жена турна мечка од ограда за да ги спаси своите кучиња

Ова видео собра 3,9 милиони лајкови и повеќе од 28 милиони прегледи на Тик Ток, а илјадници луѓе ја коментираа храброста на жената која турна мечка од ограда. Има и такви кои не ја оправдуваат постапката на жената, бидејќи веруваат дека мечката само сакала да си ги заштити своите мечиња.

Снимката е поставена на интернет од страна на Бренда (@bakedlikepie), братучетката на Хејли која успеа да ја турне мечката за да ги спаси своите кучиња.

https://www.youtube.com/watch?v=e4hfMZUQrgo&t=13s

Видеото е направено од надзорната камера поставена на куќата во Јута.
Во шумите на Јута живеат американски црни мечки, кои, и покрај името, можат да бидат и кафени. Биолозите проценуваат дека ги има околу 4.000, пренесува “The Sun”. Овие мечки не се агресивни, но можат да нападнат луѓе во потрага по храна.

]]>

Најчитани вести