Маж (30) е осуден затоа што ѝ го запалил автомобилот на девојка му откако таа одбила да му одговори на мобилниот телефон цел ден. Околу 3 часот и 30 минути во Бјеловар ја запалил ПВЦ облогата на задниот десен дел од автомобилот „рено каптур“, причинувајќи штета од околу 4.000 евра. Половина час подоцна девојката му се јавила и тој ѝ се заканил на неа и на двајцата мажи кои биле со неа дека ќе „летаат во воздух“.
Признал се пред судот. Тој изјавил дека е во емотивна врска со девојката. Бидејќи цел ден не му одговорила, се напил и решил да ѝ го запали автомобилот. Возилото било во сопственост на фирма, но тој тврди дека тоа не го знаел, пренесува Даница.хр.


