И ова се случува: Граѓани на Тајван ги преплавија матичните служби за да си го променат името

Дел од граѓаните на Тајван ги преплавија матични служби со барања за промена на нивните имиња во имиња што го содржи зборот „лосос“ заради промотивна кампања на рибен ресторан. Барањата биле во толку голем број што официјалните преставници на владата јавно замолиле да не се трошат напразно државните ресурси.

Локалните медиуми пишуваат за т.н. „лосос лудило“ што го предизвикало јапонскиот ланец ресторани „Акиндо Суширо“. Тие најавиле дводневната промоција, која ќе трае денеска и утре, а секој оној во чие име го има зборот „Гуи ју“, што значи „лосос“, ќе добие бесплатен ручек за него и за уште пет други пријатели. Оние пак чие име содржи барем една буква од овој збор ќе добијат голем попуст.

Фановите на бесплатното суши веднаш отрчале до канцелариите на матичните служби во земјата, а околу 100 лица многу брзо успеале да си го променат името по објавата на промоцијата, објави порталот „Фокус Тајван“.

„Тајпеј тајмс“ пренесе соопштение од ланецот ресторани, во кое се вели дека 28 гости веќе си резервирале бесплатен ручек уште вчера, а денеска најмалку 1.000 гости учествувале во промоцијата.

Владата реагираше со предупредување до граѓаните дека, според сегашниот закон, во текот на нивниот живот дозволено е само трипати да го менуваат своето име.

Тајванските медиуми објавија дека државните службеници успеале да одвратат некои луѓе од идејата да си го променат своето име во трката за бесплатен ручек. Сепак, многумина биле упорни и изјавиле дека планираат да го сменат името во Лосос, а кога ќе заврши промоцијата повторно да си го вратат старото име.

]]>

Најчитани вести