Неколку дена по објавувањето на интервјуто што го направи милијардерот Илон Маск со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, на плаформата X, сега се појави ново видео направено со помош на вештачката интелигенција. На него милијардeрот и републиканскиот кандидат за претседател танцуваат на хитот „Stayin’ Alive“.
„Хејтерите ќе кажат дека ова е вештачка интелигенција“, напиша Маск покрај видеото на кое двајцата танцуваат на улица.
Haters will say this is AI 🕺🕺 pic.twitter.com/vqWVxiYXeD
— Elon Musk (@elonmusk) August 14, 2024
За само два дена видеото собра дури 120,6 милиони прегледи, а веќе е гледано повеќе од 136 милиони пати.
Корисниците на „Х“ добро се забавуваат коментирајќи го ова видео на сметка на двајцата „играорци“, но и на вештачката интелигенција.
„Ова е вистина, и јас бев таму“, се пошегува еден корисник, додека друг додаде: „О не, дознаа дека ова вистина“.


