Имамоглу се огласи од притвор: Се ќе биде одлично

Уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, денеска ги повика граѓаните на Турција да не губат надеж и да ја објават на целиот свет својата борба за демократија и правда.

Имамоглу на платформата Х напиша дека „стои исправено“, дека „никогаш нема да се наведнува“ и дека „се ќе биде одлично“.

„Драги мои луѓе, никогаш не бидете тажни, никогаш не очајувајте, никогаш не губете надеж. Ние, рака под рака, ќе го искорнеме овој удар, оваа црна дамка на нашата демократија. Се ближи денот кога луѓето кои раководат со овој процес ќе одговараат пред семоќниот творец, и во овој свет и во другиот“, напиша Имамоглу.

Турскиот суд утринава одлучи уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу да остане во притвор до судењето кое претходно го побараа обвинителите, објави Б92.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести