Интер синоќа го победи Комо со 3:2 на свој терен во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија.
Мартин Батурина и Лукас Да Куња ги постигнаа головите за гостите. Хакан Чалханоглу постигна два гола и имаше една асистенција за домаќините. Петар Сучиќ, кој влезе во игра во второто полувреме, исто така додаде две асистенции и еден гол.
Интер губеше со 0:2 по 48 минути. „Нероаѕурите“ победија со вкупен резултат 3:2.
Во финалето на Купот на Италија, Интер ќе се соочи со победникот од натпреварот Лацио – Аталанта (првиот натпревар заврши 2:2).
МИА


