Женски Магазин: Што беше пресудно да почнете да се занимавате со јога?
Лејла: Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш… Дали тоа ќе биде кон самоуништување, самосожалување и несреќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас. Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти. Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност (gratitude?), како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија…. Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.
Женски Магазин: На кој начин јогата може да го подобри нашето здравје? Како вежбањето влијае на нашето тело?
Лејла: Од физички аспект, после раѓање на две деца и многу испробани спортови, јас никогаш не сум се чувствувала подобро и пофит, благодарение само на јогата. Секако потребно е посветеност, континуитет и љубов кон тоа што го правиш.
Женски Магазин: Дали поради вашиот избор да станете инструктор по јога, го променивте вашиот начин на исхрана?
Лејла: Како што јогата е еден вид на терапија, така сум убедена дека и храната има исто значење, не само за нашето тело туку и за нашата психа. Не верувам во строго одредени правила, туку во балансирана исхрана. Научив многу, преку себе за здравиот начин на исхрана. Затоа сакам и тоа да го пренесам, да го направам подостапно за сите, да не се доживува како да е наменето само за еден мал круг на луѓе. Затоа и спремам своја линија на здрави производи, заедно со мојот тим, а ќе биде достапна до секого преку Хедис маркетите.
Целото интервју прочитајте го во „Женски Магазин“]]>


