Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД III програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка.
Претстојниот јавен повик 03/2025 за Мерка 7 од ИПАРД програмата е официјално најавен, подгответе се навреме.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.
- Физички лица
- Со или без регистрирана дејност
- Правни лица
- Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени и годишен приход до најмногу 10 милиони евра
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Кофинансираниот неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за набавка на:
- Нови машини и опрема за производство и преработка
- Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
- Опрема за манипулација, товарање и растоварање, вилушкари, транспортни приколки, контејнери, палети, подвижни ленти
- Опрема за мерење на тежина
- Опрема за следење на квалитет
- Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
- Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
- Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
- Компјутерски софтвер
Грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор итн.)
- Набавка на сите градежни материјали и елементи
- Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
- Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.
ПРИФАТЛИВИ ДЕЈНОСТИ
Во продолжение погледнете ја целосната листа на 110 прифатливи дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.
На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од наведените дејности.
Мебел
- Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници
- Производство на кујнски мебел
- Производство на душеци
- Производство на друг мебел
Облека
- Производство на кожна облека
- Производство на работна облека
- Производство на друга горна облека
- Производство на долна облека
- Производство на други предмети и прибори за облека
- Производство на предмети од крзно
- Производство на плетена и хеклана облека
Текстил
- Подготовка и предење на текстилни влакна
- Ткаење на текстил
- Довршување на текстил
- Производство на плетени и хеклани ткаенини
- Производство на готови текстилни производи
- Производство на теписи и килими (подни прекривки)
- Производство на јажиња, конопи, плетенки и мрежи
- Производство на неткаен текстил и предмети од неткаен текстил
- Производство на друг технички и индустриски текстил
- Производство на останати текстили
Преработка на дрво и производи од дрво
- Пилење и стружење на дрво
- Производство на фурнир и други плочи од дрво
- Производство на паркет
- Производство на друга градежна столарија и подови
- Производство на дрвена амбалажа
- Производство на останати производи од дрво
- Производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал
Хартија и производи од хартија
- Производство на целулоза (пулпа)
- Производство на хартија и картон
- Производство на брановидна хартија и картон и на амбалажа од хартија и картон
- Производство на предмети за санитарни и тоалетни потреби за домаќинствата
- Производство на канцелариски материјал од хартија
- Производство на ѕидни тапети
- Производство на други предмети од хартија и картон
Производи од гума и пластични маси
- Производство на надворешни и внатрешни гуми за возила, протектирање на гуми за возила (надворешни гуми)
- Производство на други производи од гума
- Производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси
- Производство на амбалажа од пластични маси за пакување
- Производство на предмети за вградување (градежна стока) од пластични маси
- Производство на други производи од пластични маси
Други неметални минерални производи
- Производство на стакло и производи од стакло
- Производство на рамно стакло
- Обликување и обработка на рамно стакло
- Производство на шупливо стакло
- Производство на стаклени влакна
- Производство и обработка на друго стакло, вклучувајќи и теxничка стаклена стока
- Производство на огноотпорни производи
- Производство на градежни материјали од глина
- Производство на керамички плочки и подни плочи
- Производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото
- Производство на останати порцелански и керамички производи
- Производство на керамички предмети за домаќинствата и керамички украсни предмети
- Производство на керамички санитарни уреди
- Производство на керамички изолатори и изолационен прибор
- Производство на други теxнички производи од керамика
- Производство на други керамички производи
- Производство на цемент
- Производство на вар и гипс
- Производство на производи од бетон, цемент и гипс
- Производство на производи од бетон за градежни цели
- Производство на производи од гипс за градежни цели
- Производство на готова бетонска смеса
- Производство на малтер
- Производство на влакнест цемент
- Производство на други производи од бетон, гипс и цемент
- Сечење, обликување и доработка на камен
- Производство на абразивни (брусни) производи
- Производство на други неметални минерални производи
Кожа и производи од кожа
- Штавење и доработка на кожа; доработка и боење на крзно
- Производство на куфери, рачни торби и слични предмети, седла и сарачки производи
- Производство на обувки
Фабрикувани метални производи (освен производство на оружје)
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема
- Производство на метални конструкции
- Производство на метални конструкции и делови на конструкции
- Производство на метални врати и прозорци
- Производство на цистерни, резервоари и садови од метал
- Производство на радијатори и котли за централно греење
- Производство на други цистерни, резервоари и садови од метал
- Производство на парни котли, освен котли за централно греење со топла вода
- Ковање, пресување, штанцување и валање на метали; металургија на прав
- Обработка и пресвлекување на метали
- Општи машински работи
- Производство на сечила, алати и метална опрема за општа намена
- Производство на брави и шарки
- Производство на останати фабрикувани метални производи
- Производство на сандаци и слична амбалажа од челик
- Производство на амбалажа за пакување од лесни метали
- Производство на жичани производи, синџири и пружини
- Производство на сврзувачки елементи и завртни машински производи
- Производство на други фабрикувани метални производи
Компјутерски, електронски и оптички производи
- Производство на електронски составни делови (компоненти)
- Производство на полни електронски плочи
- Производство на компјутери (сметачки машини) и периферна (дополнителна) опрема
- Производство на опрема за комуникација
- Производство на електроника за широка потрошувачка
- Производство на инструменти и апарати за мерење, испитување и навигација
- Производство на саати и часовници
- Производство на опрема за зрачење, електромедицинска и електротерапевтска опрема
- Производство на оптички инструменти и фотографска опрема
- Производство на магнетски и оптички медиуми
Друго
- Производство на храна за домашни миленици
- Производство на парфеми и тоалетни препарати
- Производство на есенцијални масла
- Производство на велосипеди и инвалидски колички
- Производство на други транспортни средства
- Останата производствена индустрија
- Производство на накит, бижутерија и сродни производи
- Производство на музички инструменти
- Производство на спортска опрема
- Производство на игри и играчки
За повеќе информации и подготовка на проектни апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk
ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ
Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Ова ги опфаќа селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.
Погледнете ја целосната листа на линкот во продолжение.


