-Ви благодарам за вашите пораки за поддршка. Мајка ми е стабилна и се опоравува. Јас и моето семејство многу сме му благодарни на медицинскиот персонал и би ве замолиле за приватност – напиша Роналдо на Твитер.

Долорес е жената број 1 во животот на Роналдо. За сите важни работи се сооветуваат, вклучувајќи ги и оние за кариерата на фудбалерот.
Не е тајна дека тој се консултирал со неа и за девојките со кои се забавувал, како и фактот дека и мајка му ја сака Герогина Родригез, актуелнната партнерка на Роналдо.
Долорес пораснала во голема сиромаштија. Таа немала поддршка од нејзиниот сопруг и таткото на Кристијано, Хозе Динис Авеиро, кој бил алкохоличар. Долорес еднаш изјавила дека дури и размислувала за абортус додека го носела Кристијано, затоа што живеела во многу тешки услови, каде четири деца делеле една соба.
Детството на Кристијано било многу тешко, па тој честопати укажува какви жртви правела неговата мајка.
-Таа ми овозможи сè, жртвувајќи го својот живот за мене. Одеше во кревет гладна, само јас да имам што да јадам. Немавме пари, а таа работеше седум дена во неделата за да станам фудбалер. Целиот мој успех ѝ го должам нејзе – изјави Португалецот во една прилика.
]]>


