Италијанската министерка Марија Елена Боски е лудо заљубена во еден српски одбојкар, чиј идентитет се уште не е познат. Веста ја објави италијанската станица „Радио 2“ и ја разбранува италијанската јавност.
Повеќе од тоа не открија, па затоа веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде дотичниот спортист.

Во опција се четири имиња Драган Станковиќ, Саша Старовиќ, Никола Јововиќ и Александар Атанасијевиќ, поточно сите српски ракометари кои во моментот играат во Италија.


