-Вие не може да му се приближите на гробот, другите можат – им рекол Радуловиќ на Цеца, Матиќ и Калиниќ.
Само после неколку минути Цеца го напуштила тажното место целата во солзи.
Покрај споменатите јавни личности, на погребот присуствувале и Оливер Мандиќ, Жељко Јоксимовиќ, Јелена и Жика од „Зана“, Данијел Павловиќ.
Инаку, последната желба на Марина била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош, а не во Алејата на заслужните граѓани.
Текстописецот Марина Туцаковиќ почина на 19 септември на 67 -годишна возраст.
Марина напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.
Инаку, нетрпеливоста помеѓу Цеца и синот на Марина трае подолго време. Пред неколку месеци Лаќа јавно ѝ порача на Цеца дека ќе ја тужи нејзината продуцентска куќа поради парите што, наводно, не му ги исплатила како автор на песната за нејзината ќерка Анастасија. Во врска со тоа се огласи и сега веќе покојната Марина, велејќи дека таа не може да одговара за зборовите на својот син кој е возрасен човек.
]]>


