Изминатото деноноќие произведени 15.107 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 15.107 магават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите на училиштата, прехранбената индустрија и другите витални државни субјекти.

Како што информираат денеска од Владата, во термоелектраните произведени се 11.773 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.334 мегават часови електрична енергија.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести