Измрзнаа јаболката во Преспа, земјоделците во паника

Овоштарите од Преспа јавуваат за речиси сто процентно измрзнување на јаболковите насади. Според нивните кажувања, минусните температури во утринските часови биле погубни за јаболката.

prespa+minusni

– Ресен и Преспа вчера и ноќеска ги зафати вистинска елементарна непогода. Во текот на вечерните часови на поголемиот дел од Преспа заврна снег а веднаш потоа настапи разведрување и пад на температурите од -4,2 Езерани и Лавци до -5,1 Јанковец. Иако овоштарите презедоа превентивни мерки со третирање, проветрување, зачадување и сл. штетите се огромни. Истите допрва ке се проценуваат. За состојбата да е уште полоша најавени се ниски температуру и вечерва – изјави Сашо Пецалевски, овоштар од Ресен.

Овоштарите од Песпа се во паника бараат помош од државата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести