Ја шминкаа и и даваа енергетски пијалаци на седум години: Како денес изгледа контроверзното девојче

Американското реално шоу со девојчиња кои сакаат да станат мисици своевремено предизвика големи контроверзии и осуди кај јавноста. Уште полошо е што тие деца не престануваат ниту кога рефлекторите ќе се изгаснат, а десетгодишната Хани Бу Бу е најдобар доказ за тоа.

Малата телевизиска ѕвезда која на седумгодишна возраст учествувала во емисијата „Дечиња и тијари“ (Toddlers & Tiaras) и понатаму со својата мајка Џун оди на местата каде што се собираат ријалити ѕвездите. Хани Бу Бу овие денови била на премиера на реалното шоу „Marriage Boot Camp: Reality Stars“.

devojce5

Малата Алана (тоа и е вистинското име) по реалното шоу „Дечиња и тијари“ имала и свое шоу „Еве доаѓа Хани Бу Бу“ (Here Comes Honey Boo Boo) во кое учествувало и нејзиното семејство.

Само три години откако медиумите, родителите и психолозите ширум светот останаа згрозени од идејата на мајката на тој начин да се збогати, Алана со лажни бисери околу вратот, со вештачки трепки, во сандали со високи потпетици и со гротескен фустан праќа бакнежи на фоторепортерите. Телевизијата ТЛЦ којашто го емитуваше „Еве доаѓа  Хани Бу Бу“  го прекинала снимањето откако дознала дека мајката Џун Шенон била во врска со осудуваниот педофил Марк Мекденијел.

devojce1

Социјалната служба спровела некој вид истрага во ова семејство кога во емисијата е прикажано дека малата Алана пие пијалак кој е мешавина од газиран сок и енергетски пијалак, како и дека танцува за пари во бар. Нејзината мајка тогаш рекла дека Алана танцувала во бар во близина на универзитетот, а на некое „евтино место“.

devojce2

devojce3devojce4

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести