Кој има стил, го има во секоја прилика. Вистински пример за тоа е Јелена Ѓоковиќ. Својот беспрекорен вкус за мода го покажала пред два дена во Монако. Приликата била посебна, а младата мама блескала.
Здолништете е вистински пример за елеганција и романтика, блузата е одличен контраст на раскошната чипка на долниот дел од облеката, а комбинацијата била во вистинска насока. Обетките ги пратат чевлите, а часовникот чантата.
Поводот за појавувањето во Монако била „Africa on the Rock Gala“ организирано со поддршка на фондацијата „Монако“ на принцезата Шарлин.
Извор: Вистина.мк




