Која дама изгледа подобро во популарните влечки – Јелена Карлеуша или Јелена Ѓоковиќ?
Ако мислевте дека не можете да носите влечки на свечени прилики, познатите дами се тука да ве разубедат. Главниот тренд на ова лето е познатиот модел на луксузниот бренд Хермес. Се прослави минатата година, кога беше воведен меѓу светските метрополи, а сега е на врвот на својата популарност. Сепак, познатите дами ги комбинираа сосема поинаку. Која е подобра?
Јелена Ѓоковиќ решила да ги носи овие влечки на свадба. Можеби некои би рекле дека таквите обувки не одговараат за ваква свечена церемонија, но сопругата на Новак Ѓоковиќ го докажа спротивното. Таа е позната по тоа што комбинира шик, тренди модели со елегантни класици, пишува Мондо.рс.
Јелена Карлеуша реши да ги носи овие влечки за дневна варијанта, со прав летен фустан и луксузна чанта. Изгледот го комплетираше со очила за сонце, а за ова издание доби и голем број комплименти на Инстаграм. Инаку, првиот модел на овие папучи беше рамен, а новиот е со ниска потпетица.
Овие влечки чинат 800 евра.


