Каевски: Законските измени за Коридорите 8 и 10 ќе спречат промашувања какви што имаше на автопатот Кичево-Охрид

„Во изградбата на автопатот Кичево-Охрид има голем број на аномалии и недоследности кои овие измени на законите за Коридорите 8 и 10 ќе ги анулираат. Да не се случи 10 години да треба да работиме на промашен проект“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека во проектот за автопатот Кичево-Охрид не биле предвидени надвозници и во трасата бил предвиден да се гради автопатот на резервоарот за вода за Кичево.

„Сега истиот изведувач ќе го изврши и проектирањето и нема да може да има изговори дека проектот е промашен“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ рече дека е во ред да се отвори дискусија за сите прашања поврзани со проектот, но дека е погрешно да се става дамка и сомнеж дека овој проект не е од суштинско и важно значење за државата.

„Добро е да се дискутира и разговара, но да најдеме начин да учиме од претходните исксутва. Не е само Кичево-Охрид, тука се и Градско-Дреново, Петровец-Катланово…да учиме од тие искуства и од позитивните искуства во околните земји. Бехтел работеле и во Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и кога возиме по тие автопати велиме кога и кај нас ќе возиме по таков пат. Сега имаме шанса, за четири години и седум месеци со носење на овие законски измени да возиме по такви автопати и во нашата држава“ рече Каевски.

Најчитани вести