Како да исушите домати и што може да направите со нив

Concept of tasty food - delicious dried tomato

Иако сувите домати се сметаат за вистински деликатес, поради некоја причина, ретко кој се одлучува да ги суши во текот на летото и на тој начин да ги складира за претстојниот постуден период од годината, пишува n1info.rs.

Рецепт за сушени домати

Состојки:

– 2 кг домати

– сол по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 95 степени. Измијте ги и исечете ги доматите на половина. Нежно извадете ги семките. Ставете ги доматите на сад за печење и посипете ги со сол по вкус. Печете го во загреана рерна додека не се исушат, но сепак да се виткаат, проверете ги по 4 часа и потоа на секој час.

Што да направите од суви домати

Бидејќи вака приготвениот домат е вистински деликатес, ќе биде одличен додаток за разни јадења како тестенини, салати, чорби, пица, а можете да го додадете и во намази со сирење, мелени ореви, хумус…

Најдобар начин да ги чувате домашните сушени домати е да ги ставете во чиста, добро затворена тегла со маслиново масло во фрижидер.

Најчитани вести