Како до нов трактор преку ИПАРД 3? Проверете дали ги исполнувате условите

Јавниот повик за мерка 1 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% од вредноста на нов трактор и/или приклучна механизација. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите од новиот јавен повик кој е отворен за аплицирање до 1 ноември 2023 год.

Кој може да аплицира

Земјоделски стопанства кои може да аплицираат се:

  • Семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице
  • Индивидуален земјоделец (ИЗ)
  • Земјоделско стопанство претставувано од правно лице

Земјоделското стопанство треба да биде регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Покрај земјоделските стопанства, на јавниот повик за мерка 1 може да аплицираат и:

  • Задруги
  • Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители)
  • Правни лица со најмногу 250 вработени, односно микро, мали и средни претпријатија (МСП)

НАПОМЕНА: Во случај корисникот претходно да користел ЕУ поддршка за трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД III Програмата. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
 071 225 345 и 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk

Каков трактор може да се купи

Набавката на трактор треба да биде во согласност со горната граница за моќност во киловати согласно регистрираниот производствен капацитет на земјоделското стопанство.

  • Земјоделски производители – според регистрираната површина во хектари.
  • Сточари – според регистрираните добиточни единици (ДЕ)
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ha)ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Овошје и лозје1-1060
10-5080
над 50100
Зеленчук0.3-140
1- 060
10-5080
над 50120
Житни и индустриски култури1-1080
10-50110
над 50150
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ДЕ)
(добиточни единици)
ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Говеда за тов и млечни крави10-2060
20-5080
над 50100
Свињи8-10060
100-50080
над 500100
Овци/кози10-5080
над 50100
Живина10-14060
140-140080
над 1400100

Еден корисник може да набави еден трактор.

Прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила.

Висина на финансиска поддршка

Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци.

Процентот ќе се зголеми до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (согласно Листата на планински области)
  • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопансва кои се сертифицирани како органски за предметната инвестиција

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
 071 225 345 и 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk

Извор: Агротим.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести