Како најбрзо да излупите домати: Докажан трик кој заштедува време и нерви

Доматите не се толку лесни за лупење и подготовка за термичка обработка. За да ја отстраните кожата од свежите домати што е можно полесно, испробајте докажани трикови кои заштедуваат време и нерви.

1. „Масажа“ со нож

Поминете со тапата страна на ножот врз целиот домат. Не притискајте премногу, за да не се распадне доматот. Потоа засечете ја кората и повлечете ја со раката – ќе видите дека кората лесно се одвојува од сочниот дел од овошјето, пишува Пинк.рс.

2. Топла вода
Целите домати ставете ги во топла вода кратко време. Повторно засечете дел од кожата и повлечете – кожата ќе отпадне во неколку парчиња.
Со нож можете да го засечете и долниот дел од овошјето, спротивно од дршката и да направите крст пред да го ставите доматот во топлата вода. Кога ќе го спуштите доматот во топла вода, врвовите на исечените делови ќе се извиткаат, па се што треба да направите е да го извадите доматот од водата, да ја извадите лушпата ќе имате излупен домат во четири чекори.

3. Температурен шок

Доматот измијте го убаво, ставете го во кеса и оставете го во замрзнувач онолку колку што е потребно да се замрзне. Потоа извадете го од кесата, оставете го да отстои десетина минути на собна температура и нежно повлечете ја кожата – ќе се оттргне без мака.

Најчитани вести