Kaко ве крадат автомеханичарите: Користат едноставен трик

Механичарот Скоти Килмер откри дека механичарите имаат едноставен трик и за неколку секунди ќе направи возилото да изгледа пооштетено отколку што навистина е.

Тие ги откачуваат гумените црева во близина на моторот со брзо движење на раката. По додавањето на гас се добива впечаток дека возилото има сериозни проблеми.

Сопствениците на возилата потоа брзо ги гледаат предупредувачките сијалички на контролната табла и мислад дека се работи за сериозен дефект.

Сето ова Скоти го раскажа преку својот канал на Јутјуб, каде речиси секој ден им дава совети на учесниците во сообраќајот.

„Денес ќе ви укажам на една вообичаена измама што механичарите им ја прават на своите клиенти. Ги гледате овие гумени црева? ако механичар извади едно од овие мали црева, веднаш ќе се запали светлото за проверка на моторот затоа што моторот работи лошо, има премногу воздух, а недоволно гориво“, објасни Скоти.

Потоа додаде:

„Со овој мал трик вашиот мотор ќе работи лошо во место, а доколку тргнете ќе имате проблеми со забрзувањето, особено при помали брзини. Колку побрзо возите, тоа нема да се забележува и на автопат автомобилот ќе ве служи добро. Затоа секогаш проверувајте дали сите црева се наместени кога автоомобилот е во мирување“.

Најчитани вести