На црвениот килим се појавија и членовите на кралското семејство, принцот Хари, принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон, што го привлече целото внимание на присутните. Кејт беше облечена во син фустан со гол грб.
Нешто што повеќе привлекло внимание е фактот што Кејт не носеше градник. Повеќето коментираат дека не е соодвето една војвотка да не носи градник.
Филмот за Бонд долго се очекуваше во кино-салите, а Крег имал многу незгоди при снимањето. Поради повредите со кои се здобил на снимањето на сцените со борби, се претпоставувало дека филмот ќе биде завршен со задоцнување од шест месеци, но Крег одлучил да ги сними и другите сцени иако бил повреден. Најголема поддршка му била сопругата Рејчел Вајс, која исто така се појавила со него на премиерата на новиот филм.
Режисер на ова продолжение е Сем Мендез, улогата на негативец овој пат му припадна на Кристоф Волц, а Ем повторно е Ралф Фајнс. Филмот „Спектар“(Spectre) е сниман во Англија, Австрија, Мексико и Мароко.







