Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ненадејно ја посетила болницата „Ројал Марсден“ каде што претходно се лекуваше од рак.
Причината за нејзината посета е затоа што сакала лично да им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал за лекувањето.
Ненадејниот официјален соло ангажман, прв на принцезата во 2025 година, е опишан како важен момент во „личното патување“ на Кејт.
„Само што си реков, ќе влезам на главниот влез, по толку тивки, приватни посети, убаво се почувствував“, рече таа.
Кејт се сретнала со медицинскиот персонал и поминала околу еден час разговарајќи со персоналот и со пациентите. Во болницата се појавила весело расположена.
Посетата на Кејт на болницата доаѓа откако принцот и принцезата од Велс беа објавени како нови заеднички покровители на Фондацијата на „Royal Marsden NHS Trust“, пишува „Telegraph“.


