Кејт Мидлтон слави 40-ти роденден: Прикажана како кралица во фустаните на Александар Меквин

Војвотката од Кембриџ го слави својот 40-ти роденден објавувајќи прекрасни фотографии на кои е облечена во фустани на Александар Меквин.

Сликите на Паоло Роверси се инспирирани од кралски портрети од минатото. Кејт го прослави својот 40-ти роденден приватно и дома со сопругот принцот Вилијам (39) и нивните три деца Џорџ (8), шестгодишната Шарлот и тригодишниот Луис.

Но, таа објави три фотографии кои јавно им оддаваат почит на кралицата Елизабета Втора и кралицата Викторија.

Кралската страна на личноста

Се вели дека Кејт – која студирала историја на уметност на универзитет и курирала уметничка изложба од 19 век – го избрала Италијанецот Роверси затоа што се восхитува на неговиот стил на фотографија. Портретите се направени во Kew Gardens во ноември. Роверси рекол дека е „трогнат од нејзината топлина и пријателско добредојде и маѓепсан од нејзините светли очи кои ја рефлектираат убавината на нејзината душа“.

За инспирација биле прегледани старите фотографии на кралицата Елизабета и Викторија за време на снимањето. На две црно-бели фотографии, Кејт носи обетки од колекцијата на принцезата Дијана.

Сликата на која е прикажана во профил е намерно стилизирана за да личи на портретите на кралицата од 1950-тите од Сесил Битон. Упатените велат дека оваа фотографија е избрана да ја покаже кралската страна на Кејт.

Црно-белиот портрет одблиску, кој потсетува на фотографирањето на принцезата Дијана со Марија Тестина, е поличен, поинтимен и поопуштен од другите портрети.

Единствената фотографија во боја е избрана за да ја покаже „младоста и самодовербата“ на Кејт.

Сите три портрети ќе бидат во постојаната колекција на лондонската Национална галерија на портрети следната година.

Извор: Женски магазин

]]>

Најчитани вести