Американскиот бренд за брза храна, КФЦ го отвори својот прв ресторан во Скопје. Американската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра.
КФЦ е втор најголем ресторан за брза храна, веднаш по Мекдоналдс.
Редица граѓани чекаат да ја дегустираат храната од еден од двата новоотворени ресторани од ланецот за брза храна КФЦ. Американскиот бренд денеска и официјално ги отвори вратите и за македонските потрошувачи. Едниот ресторан е лоциран во Скопје, другиот е во Тетово. За подготовка на храната ќе се користат домашни состојки од локалните компании.
„Во Македонија во следниве две години ќе бидат вработени 400 работници. Денеска во Скопје и Тетово се вработени 80. Затоа во Скопје и Тетово истовремено се отвораат двата ресторани.“, изјави Фатмир Зумбери, сопственик на франшизата за КФЦ Македонија.
„КФЦ служи многу повеќе од одлично пилешко. Ќе донесе повеќе од работни места во Македонија. Ќе бидат користени домашни намирници. Поенатата е не е само да се отворат нови работни места во рестораните, туку и во синџирот за снабдување“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија
Македонија е 130та земја во светот што доби франшиза за отворање на ваков ресторан. Како што е најавено, во наредните четири години ќе бидат отворени повеќе од 15 вакви објекти низ целата земја. Американската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра.
ТВ21
Видео ТВ 24


