Ќерката на Андонис Самарас попладнево почина ненадејно на само 34 години – откриена причината за смртта

Ќерката на Андонис Самарас, Лена, почина ненадејно на 34-годишна возраст откако доживеа срцев удар.

Лена Самарас попладнево доживеа епилептичен напад и беше однесена во болницата Сисманољо. Лекарите препорачаа невролошки тестови, поради што беше префрлена во Евангелисмос.

Таму бил извршен кардиолошки преглед, докторот побарал подетален преглед и за време на прегледите – без да покаже никакви очигледни симптоми – таа доживеала срцев удар.

И покрај напорите на лекарите, тие не можеле да ја реанимираат. Според информациите од медицински извори, таа имала историја на епилептични напади.

Лена Самара била градежен инженер и студирала на Градскиот универзитет во Лондон.

извор: newz24live.com

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести