Колку пати Ви го земале редот со „Само да прашам“, моќна порака на “Види вака” за одговорноста на институциите

Преку концептот на едукација низ забава Види Вака го изработи скечот „Само да прашам“, дел од серијата приказни за здравствените и општествените лавиринти.

Како што информираат од Види Вака, скечот има за цел да испрати силна порака за одговорноста на институциите при корумпирање на системот.

– Со „Само да прашам“, ситуација во која најверојатно сите сме се нашле, сакаме да покажеме дека иако изгледа дека самите ние сме виновни за врските и прескокнување на редот во здравството, некој тоа мора да го поттикне и прифати, дека најголемата одговорност за корумпирање на системот лежи во институциите, посочува во пишана изјава Мите Кузевски, ко-основач на Види Вака.

Скечот „Само да прашам“ е во продукција на Види Вака, а во видеото глуми актерот Дритон Вејсели и голем број на статисти. Режијата е на Ханис Багашов, а директор на фотографија е Феjми Даут. Сценарист на приказната е Георги Унковски.

Од “Види Вака” најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во концептот на едукација низ забава, како еден од најефикасните методи на правење и градење позитивни промени во општеството.

МИА

Најнови вести

Најново од Магазин, Ударни вести

Најчитани вести