Италија ги проширува своите строги мерки на карантин за коронавирус, кои вклучуваат забрана за јавни собири, на целата земја.
Премиерот Џузепе Конте изјави дека на луѓето ќе им биде дозволено да патуваат само за работа или во итни случаи во семејството. Тој рече дека мерките, кои влегуваат во сила во вторник, треба да ги заштитат најранливите членови на општеството.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија скокна во понеделникот на 463. Тоа е земја најтешко погодена по Кина.
Во телевизиското обраќање, Премиерот Конте рече дека најдоброто нешто за граѓаните на Италија е да останат дома. Тој додаде дека сите спортски настани – вклучително и фудбалски натпревари – се суспендирани на национално ниво.


