„Нашата цел да составиме стабилна влада за подобра иднина на граѓаните е исполнета“, рече Ковачевски.
Неговите предлози, кои ќе ги достави и до Собранието се:
-Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.
-Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер
-Вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.
Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.
-Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.
-Министер за правда, Никола Тупанчевски, познат професор на Правниот факултет.
-Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен и јас би додал успешен министер во овој ресор.
-Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.
-За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.
-Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект.
„Од сите нив очекувам максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното“, рече Ковачевски.
„Составот на новата Влада и владината програма утре ќе ги доставам до Собранието на Република Северна Македонија.
Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните“, истакна Ковачевски на вечерашната прес конференција и порача: „Почитувани граѓани, поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме“.


