На средбата, како што соопшти СДСМ, стана збор за повеќе актуелни теми, но во фокусот беа меѓусебната соработка, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции.

Албанскиот претседател истакна дека е очигледен напредокот што Северна Македонија го постигна во изминатите неколку години, го поздрави концептот „Едно општество за сите“, квалификувајќи го како уникатен пример во регионот, и истакна дека почнувањето преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.
Ковачевски изрази уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку Отворен Балкан. Во однос на билатералната и регионална соработка, истакна дека Отворен Балкан е важен чекор кон унапредување на соработката меѓу државите, носи нови можности за економски раст и развој. Сепак, Ковачевски смета дека тоа не е алтернатива за членството во ЕУ, но може да биде од сериозна помош при пристапувањето во Унијата.

Ковачевски најави и интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди, како што рече, подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.
На средбата Ковачевски – Мета присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ. МИА
]]>


